ВИДЕО: Пукање во амфитеатарот на факултетот во Ротердам, има мртви

Од:

Неколку лица загинаа кога вооружен маж отвори оган во амфитеатар на универзитет во холандскиот пристанишен град Ротердам, соопшти полицијата.

32-годишниот осомничен е уапсен откако полицијата на социјалните мрежи објави дека пукале во Медицинскиот факултет во Ротердам и во блиската куќа, објави Ројтерс.

Видеата на социјалните мрежи покажаа дека полицијата ги упатува студентите да го напуштат универзитетот додека на местото на настанот пристигнале тешко вооружени одреди за апсење.

Два часа подоцна полицијата соопшти дека загинале неколку лица и дека се известени членовите на семејствата на жртвите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Ротердам, има повредени

Горан Наумовски