Во 92-та година од животот ненадјено почина проф. д-р Саве Миронски, еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје, поранешен декан и основоположник и директор на Инфективната клиника.
Проф. Миронски беше ценет како исклучителен познавач на медицината и врвен стручњак по интерна и инфективна медицина во балканскиот регион.
Студираше медицина во Софија во 1942 година, за да се врати во Скопје и дипломира на Медицинскиот факултет во Белград.
Миронски беше еден од основачите на Катедрата по интерна и инфективна медицина, откако работеше како еден од првите шефови на Катедрата по ендокринологија. На местото директор на Клиниката за инфектологија исклучително успешно остана 26 години, се до неговото пензионирање во 1986-та.
Посмртните останки на проф. Миронски денеска ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел од 12:30, а погребот ќе се изврши во 13:30 часот.