Актерката, пејачка и оскаровка Лајза Минели, за жал, пензионерските денови ги поминува во инвалидска количка. Таа е главно дома, далеку од рефлекторите и очите на јавноста, сепак, се уште има мали шанси повторно да ја видиме на сцената.
„Лајза веќе речиси и не излегува од дома. Опкружена е со своите кучиња, омилените филмови и спомени“, рекол неименуван извор, пренесуваат светските медиуми.
„Пејачката конечно одвои време да се фокусира на себе“, додаде тој.
Меѓутоа, бидејќи нејзиниот живот отсекогаш бил составен од рефлектори и уметност, таа не се откажува од идејата уште еднаш да се појави на сцената.
Планира уште еднаш да се врати на сцената и да се збогува. Таа е целосно решена во таа намера, дури и ако тоа значи дека на сцената ќе излезе во инвалидска количка“, пренесуваат светските медиуми.
Овие изјави на медиумите ги потврди и медиумската претставничка на Лајза Минела, која рече дека „многу се радува на нејзиниот нов настап“.
Од друга страна, блиските пријатели на Лиза изјавиле дека познатата ѕвезда е под дваесет и четиричасовна медицинска нега.
„Понекогаш не знае со кого разговара и тешко и е да се фокусира“, пренесуваат медиумите некои од наводните изјави на нејзините пријатели.
Последен пат Минели се појави во јавноста во септември 2022 година на вечера. Имено, таа минатата година беше водителка на Оскарите кога на сцената се појави заедно со Лејди Гага во инвалидска количка.