ВИДЕО: Излета автобус во Црна Гора, две лица загинаа, седум се тешко повредени

Од:

Билансот на несреќата на патот Цетиње-Будва, кога автобус со триесетина патници излета од патот, е најмалку двајца загинати, додека седуммина од нив се тешко повредени.

Како што јави Рина, повредени се вкупно 21 лице. Како што потврдија од „Вијести“, автобусот излетал од патот, на релација Обзовица – Брајиќ.

На местото на несреќата се испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а на пат кон Обзовица се и припадници на специјалните полициски единици.

Од Службата за заштита и спасување на Будва за „Вијести“ велат дека испратиле три возила со пожарникари, бидејќи има многу повредени.

На екипите на итната помош, лекарите и медицинскиот персонал на Клиничкиот центар, како и на цетинската болница им е дадена препорака сите екипи да бидат подготвени да ги примат повредените.

„На магистралниот пат Цетиње – Будва се случила сообраќајна незгода, при што автобусот „Паповиќ“ слетал од коловозот. На лице место се сите расположливи единици на Полициската управа, итната медицинска помош и Управата за вонредни состојби“, соопштуваат од полицијата.

Првичните податоци на полицијата покажуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници, а во автобусот немало деца.

Возачот на автобусот е приведен во полиција.

Тој се пожалил на лекарскиот тим кои први се симнале на местото на несреќата дека почувствувал силна болка во задниот дел на главата и дека потоа автобусот удрил во банкината на пат кон Обзовица во десната кривина, ја скршил и потоа возилото слетало во провалија.

Екипите на Полициската управа извести дека во автобус во 13 часот и 10 минути немало повеќе повредени или нови жртви. Во моментов се пребарува теренот, за да се утврди дека никој не паднал од автобусот и дека се уште не му е укажана помош. Автобусот на компанијата „Паповиќ“ превезувал патници на релација Никшиќ – Будва.

Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), Љиљана Радуловиќ, изјави дека во таа здравствена установа се донесени седум тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Цетиње-Будва.

Таа рече дека еден од пациентите е во животна опасност.

„Сите седум пациенти се со тешки телесни повреди. Најстариот повреден пациент е роден 1959 година, а најмладиот е роден 1997 година. Како ќе се одвива нивното лекување ќе видиме деновиве, изјави Радуловиќ пред новинарите.