Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

Од:

Добрите примери создаваат традиција полна со визија, способност за планирање и дејствување, со цел подобрување и успешност на секоја акција. И најмалите промени, често резултираат со огромни промени во образовниот систем.

За трета година по ред, FinTech компанијата Credissimo, продолжи со визионерската иницијатива и ги поддржа најмладите ученици на нивниот прв училишен ден.
Современото општество бара современ систем на образование затоа што тоа е клучен фактор за успехот и просперитетот на нацијата. Токму поради тоа, Credissimo по трет пат подготви изненадување за првачињата. Со кампањата „Секогаш биди број 1”, до сега се опфатени над 1.650 ученици од различни населени места во Македонија, во 45 основни училишта.

Оваа година, Credissimo им додели подароци со училишен прибор на првачињата во градовите Струмица, Куманово и Кочани, носејќи искрени насмевки и радост на нивните лица. Во Скопје, посебно внимание беше посветено на учениците од специјалното училиште „Д-р Златан Сремец”, каде децата со посебни потреби ги примија подароците со голем ентузијазам и љубов.

„Секоја година, со нашата кампања која станува традиција, се потсетуваме колку е важно да инвестираме во иднината – нашите деца. Тие се хероите кои ќе ја градат и реформираат државата во која живееме. Нашата амбиција не е само да ги поддржиме, туку и да создадеме долгорочна врска со образовната заедница.” –изјавија од Credissimo.

Credissimo со својата кампања има и поголема цел, да ги поттикне децата да веруваат во себе и да ја искористат секоја можност за да се истакнат и да го достигнат врвот. Слоганот „Секогаш биди број 1” не е само мотивација за учениците, туку и порака за сите – да го дадат својот максимум во својот делокруг на дејствување.

Oваа иницијатива е само еден во низата на проекти преку кои Credissimo ја покажува својата посветеност кон општеството и одговорноста како компанија која се труди да допринесе за благосостојбата на сите.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Новогодишна магија од Credissimo

Страшно добра понуда во Credissimo

Извлечени се над 50 добитници – „Ma Tantissimo со Credissimo“

Горан Наумовски

Караванот започна: Со Credissimo секогаш добиваш „tantissimo“!

Credissimo донираше 100.000 ден. за санација на штетите од невремето кое предизвика поплави во Делчево

„Tantissimo“ наградна игра: Credissimo започна со доделување на наградите

Горан Наумовски