Судот го одбил предлогот на полицијата да му забрани на Нермин Сулејмановиќ да и се приближува на сопругата.
Таа постојано пријавувала семејно насилство, а на крајот се сокрила од него со детето кај нејзината тетка, од каде што насилникот ја киднапира и ја однесе во викендица каде ја уби.
На почетокот на август Низама со модринки по лицето и телото побарала помош од полицијата на кантонот Тузла. Се плашеше да сведочи, само барала помош.
На 7 август полицијата побарала од Општинскиот суд во Градачац да му забрани на Нермин Сулејмановиќ да и се приближува на неговата сопруга, но нивното барање не било сослушано.
„Барањето на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Тузла за изрекување на предложената заштитна мерка забрана за вознемирување и следење на лице изложено на насилство и заштитната мерка приближување кон жртва на насилство се одбива, а постапката се запира. “ пресудил судијата на општинскиот суд од Градачац, објави Истрага.ба, а порталот имал увид во одлуката на судот.
Четири дена подоцна дојде до крвопролевање.
Нермин во живо на Инстаграм го пренесуваше убиството на сопругата, а потоа се слушаше: „Ајде к…, кажи ми зошто ме пријави во полиција“.