Најмалку 23 лица се повредени во јужна Турција во земјотресот со јачина од 5,2 степени, шест месеци откако катастрофалните земјотреси го погодија истиот турски регион.
Центарот за регистрирање земјотреси во Истанбул соопшти дека потресот се случи вчера во 20:47 часот по локално време. Неговиот епицентар бил во малиот град Јесилјурт во провинцијата Малатија.
Malatya'da saat 20.48'de 5,3 büyüklüğünde meydana gelen deprem, güvenlik kamerasına yansıdı https://t.co/8FVAoXvCIW pic.twitter.com/kwb0H2i10M
— Anadolu Ajansı (@anadoluajansi) August 10, 2023
Покраината Малатија беше меѓу тешко оштетените од земјотресот на 6 февруари. Градоначалникот Селахатин Гуеркан изјави дека во Малатија загинале околу 2. 300 луѓе.
Malatya'nın Yeşilyurt ilçesinde meydana gelen 5,3 büyüklüğündeki deprem güvenlik kameralarına yansıdı https://t.co/8FVAoXwayu pic.twitter.com/SQA2C8GBz7
— Anadolu Ajansı (@anadoluajansi) August 11, 2023
На 6 февруари, два големи и последователни потреси ја разурнаа југоисточна Турција и северна Сирија, при што загинаа повеќе од 50. 000 луѓе.