Мал авион денеска падна во поле со пченка во близина на Батајница, каде се наоѓа и аеродромот „13. Мај“.
– Околу 12.10 часот е пријавено дека нешто паднало и дека има чад во полето со пченка. Само на лице место ќе се утврдува што паднало. Теренот е непристапен, па екипите ќе мора да одат пеш – вели изворот на српски Курир.
Полицијата е на терен и истрагата е во тек.