ВИДЕО: Застрелан претседателскиот кандидат во Еквадор, убиен и напаѓачот

Од:

Убиен кандидатот на претседателските избори во Еквадор, Фернандо Вилависенсио.

Вилависенсио, пратеник во националниот парламент, беше нападнат кога го напушти предизборниот митинг во северниот град Кито.

Според член на неговата кампања, Вилависенсио влегувал во својот автомобил кога непознат маж му пришол и му пукал во главата. Тој за локалните медиуми изјави и дека Вилавиченсио бил застрелан три пати.

Потоа дошло до размена на оган меѓу обезбедувачот и напаѓачот кој бил погоден со повеќе куршуми од кои починал.

Веднаш реагираше актуелниот претседател на Еквадор, Гилемо Ласо, кој истакна дека злосторството нема да остане неказнето.

Инаку, првиот круг од претседателските избори е закажан за 20 август.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова видео-снимка од атентатот врз кандидатот за претседател на Еквадор

Горан Наумовски