Долгогодишниот партнер на холивудската актерка Сандра Булок, Брајан Рандал, почина викендов, откри неговото семејство за „Пипл“. Имаше 57 години.
„Со голема тага објавуваме дека на 5 август, Брајан Рандал мирно почина по тригодишна битка со АЛС (амиотрофична латерална склероза)“, соопшти неговото семејство. „Брајан рано одлучи своето патување со АЛС да остане приватно, а ние што се грижевме за него дадовме се од себе да го исполниме неговото барање“, додаваат тие.
„Исклучително сме благодарни на неуморните лекари кои со нас управуваа со оваа болест и на прекрасните медицински сестри кои станаа наши цимерки, честопати жртвувајќи ги своите семејства за да бидат со нашите. Во овој момент, бараме приватност за да тагуваме во мир“, соопштиле тие.