Во Кавадарци улично осветлување со лед светилки

Од:

Во Кавадарци се заменети сите улични светилки со што градот заштедува над 40 отсто електрична енергија.

– Над три илјади лед светилки се инсталирани во последните месеци благодарение на проектот за енергетска ефикасност во јавното осветлување што го спроведуваме во јавно приватно партнерство со една компанија. Замената на старите со нови светилки дава резултати.

Заштедуваме над 40 проценти по однос на потрошена електрична енергија за осветлување, изјави градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Градоначалникот Панов најави продолжување на проектот и во кавадаречките села.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци се одржа Фестивалот „Дедо цепе бурина“

Емир Латифовиќ

Кавадарци втор ден без вода

Емир Латифовиќ