Изгаснат пожарот во Скопско помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци

Од:

Целосно е изгаснат пожарот во Скопско што избувна попладнето помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци.

-Интервениравме е на отворен простор помеѓу Ајватовци, Грушино и Бучинци откако првично е запалено стрниште кое се префрлило во површина со деградирана шума која се закануваше поради ветрот да помине и во боровите над Ајватовци, изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на град Скопје Звонко Томевски.

Тој соопшти дека во гаснењето учествувале три противпожарни возила и 14 пожарникари и четири лица од доброволното протовпожарно друштво од Општина Илинден, како и два авиона „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување.

Центарот за управување со кризи претходно информираше дека е локализиран големиот шумски пожар над велешкото село Отовица, што исто така избувна попладнето, на локација на која и завчера имало пожар. Со пожарот е зафатена поголема површина на борова шума на непристапен терен, а во гаснењето исто така интервенираа авиони од ДЗС, како и 20-тина пожарникари од ТППЕ Велес со противпжарни возила, вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од селото.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа во Албанија, четири лица уапсени

ЦУК: Голем пожар во атарот на Дебрешта, ќе интервенираат трите Ер Трактори

ВИДЕО: Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР исфрли 36 тони вода при гасење на пожарот кај велешка Отовица

Локализиран пожарот над Отовица, кај Бучинци вклучени авиони на ДЗС