Дваесет и седумгодишната Кристина Чавез загина откако беше прегазена од косилка додека лежеше во високата трева во паркот Бирд Брук во Калифорнија во Модесто.
Работникот кој управувал со косилката ја забележал Кристина дури откако ја прегазил. Нејзиниот татко рекол дека можел да види делови од нејзиното тело на местото на несреќата.
Работникот рече дека не ја видел заспаната жена додека не го забележал телото во тревата низ која веќе поминал, соопшти полицијата на Модесто.
Членовите на семејството велат дека нивната тага се засилила поради, како што го нарекоа, непочитувањето на жената која ненамерно починала, а тврдат дека работниците во паркот така се однесувале бидејќи таа била бездомник.
„Оставија големи парчиња од неа насекаде, само покриени со трева“, рече сестрата на жртвата, Розалинд.