Актерката Шарлиз Терон проговори за траумата од детството: Тато три пати пукаше во мене, а потоа мама го уби

Од:

Шарлиз Терон е една од најпопуларните актерки во светот. Доби Оскар за улогата во филмот „Монструм“ за кој се трансформираше до непрепознатливост, а потоа во екот на кариерата реши да направи пауза и да се посвети на своите посвоени деца.

Во една прилика, во едно интервју, зборувајќи за тоа колку е важно да се поддржуваат децата и да се негува здрав однос со нив, таа раскажа дека нејзиниот татко, кој бил алкохоличар и зависник, една вечер се обидел да ја убие неа и нејзината мајка.

Една ноќ на фармата во Јоханесбург каде што живеела со своето семејство, нејзиниот татко дошол дома „мртов“ пијан. Земал пиштол и избезумено шетал низ куќата, заканувајќи се дека ќе ги убие Шарлиз и нејзината мајка. Во тој момент таа и мајка и биле скриени во собата, зад заклучената врата.

Набрзо одекнале истрели. Нејзиниот татко испукал неколку куршуми кон просторијата каде што била Шарлиз и нејзината мајка.

“Мајка ми и јас бевме во спалната соба потпрени на вратата, додека тој ја туркаше вратата. Двете се потпревме на вратата од другата страна за да не влезе внатре. Тој направи чекор назад и пукаше во вратата три пати. Ниту еден куршум не не погоди, што е вистинско чудо. Но во самоодбрана мајка ми пукаше и го застрела“, рече Шарлиз и додала дека не се срами да зборува за тоа.

Татко и починал од раната, а мајка и никогаш не била осудена бидејќи судот заклучил дека се работи за самоодбрана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шарлиз Терон се здебели 16 килограми за улогата во новиот филм

Наум Локоски