Застрелана во осмиот месец од бременоста, изрешетан автомобилот на манекенка во Вашингтон

Од:

Самиа Гил, бремена 22-годишна манекенка од Вашингтон, седела во автомобил паркиран на една од улиците на американската престолнина кога во близина застанал друг автомобил. Двајца мажи излегле од него и отвориле оган од автоматско оружје.

Автомобилот во кој таа се наоѓала со машки сопатник бил изрешетан, а манекенката во тој момент била тешко ранета. Нејзиниот партнер, кој е татко на детето, сепак успеал да го запали возилото и да го вози на околу 1,5 километар од таму до првата болница.

Се наведува дека Самиа Гил, која била во осмиот месец од бременоста, веднаш била префрлена во болница каде се породила со царски рез, но набргу потоа починала од раните. Полицијата во Вашингтон соопшти дека новороденчето е во критична состојба. Од друга страна, партнерот на манекенката е стабилен.

На возрасниот маж му била укажана лекарска помош поради повреди кои не се опасни по живот“, соопштија од полицијата. Официјалните лица додадоа дека се во потрага по напаѓачите. Нејзината мајка изјавила дека Самиа е едно од нејзините седум деца. Преку интернет страницата за донации GoFundMe таа побарала помош за воспитување на бебето, доколку девојчето по име Зајли преживее.

Би можело да ве интересира

Момче во САД ги убил родителите и браќата и една сестра, втората успеала да побегне

Горан Наумовски

Девојка од Кентаки си ја убила мајката, па и го распарчила телото

Mистериозно убиство на државјанин на БиХ во САД

Горан Наумовски

Кристијан го убил бебето на својата девојка затоа што не можело да оди

Доживотен затвор за таткото кој до смрт го изгладнуваше својот син во Аризона

САД: Момче е убиено додека се обидувало да ја заштити мајка си од бесниот и насилен татко

Горан Наумовски