Три тимови ќе се натпреваруваат во трката до Северниот Пол – американски тим, кој ќе го предводи Александер Скарсгард, британски, предводен од принцот и канадско-австралиски тим.
Рутата на оваа трка се протега од Јужна Африка до Северниот Пол, а повод за неа е собирањето средства за воените добротворни установи.
– Чест ми е што ќе работам и тренирам, рамо до рамо со овие војници за да собереме финансиски средства за оваа вредна цел, рече Скарсгард.
Сите три екипи почнаа со подготовките за ова случување и додека актерот се подготвува во воениот камп во Америка, принцот Хари се подготвува да помине 24 часа во ледена комора, како дел од подготовките за ова патување.