Американскиот институт за проучување на војната (ISW) соопшти дека проукраинскиот руски доброволен корпус и Легијата на слободата на Русија, наводно, извршиле уште една операција вчера во Белгород.
The Russian liberation forces, the "Liberty of Russia" Legion and the RVC, continue to destroy the enemy, who is hiding in the village of Novaya Tavolzhanka. pic.twitter.com/Y13iDxqFiu
— "Liberty of Russia" Legion (@legion_svoboda) June 1, 2023
Геолокацирани снимки покажуваат дека легијата дејствува во близина на Нова Таволжанка во Русија (3,5 километри од границата со Украина), и двете групи ги напаѓаат руските позиции во близина на таа населба и во близина на Шебекин во регионот Белгород.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили запреле две чети на моторизирана пешадија засилени со тенкови кои се обиделе да извршат инвазија на руска територија во близина на Шебекин и Нова Таволжанка.
More footage of the "demilitarization" of Putin's army in the Belgorod region today
We destroyed a self-propelled mortar 2S4 "Tyulpan" and KAMAZ with their ammunition pic.twitter.com/pULWd0aAaI
— "Liberty of Russia" Legion (@legion_svoboda) June 1, 2023
ISW истакнува дека станува збор за рации, односно се работи за напади од мали размери кои вклучуваат брзо влегување во непријателска територија со одредена цел, проследено со планирано повлекување без напор да се воспостави долгорочна контрола.