Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), вчера, на првиот ден од работењето на македонската берза за електрична енергија, истргува најголемо количество енергија од сите снабдувачи, односно 31 мегават часови, или 12% од вкупното количество од 256 мегават часови, истргувани од страна на 20 компании кои вчера учествуваа на берзата.
Од РЕС потенцираат дека ќе даваат континуирана поддршка за стабилизирање на домашната берза и за формирање на стабилни цени на електрична енергија кај нас, кои ќе му овозможат на стопанството подолгорочно планирање и ќе се избегнат ценовни шокови.
РЕС во моментот снабдува со електрична енергија над 300 компании и државни субјекти, кои имаат годишна потрошувачка од над 450 гигават часа.
ПР Текст