Белградската полиција го уапси Р.Б., таткото на осомничениот за масакрот во Младеновац У.Б.(21), кој уби осум жители на три села во Младеновац: Мало Орашје, Дубона и Шепшин.
Како што дознава Телеграф.рс, во куќата на Р.Б било пронајдено оружје кое било одземено.
Во полиција на разговор биле повикани и мајката, братот и снаата на Урош.
На таткото му е одреден притвор до 48 часа.
Таткото е поранешен припадник на војската на Србија.