Во Вишото јавно обвинителство во Смедерево беше сослушан У.Б. (21) поради сомнение дека во четвртокот вечерта, на 4 мај, уби осум и рани 14 млади мажи и жени.
Според информациите, тој го призна делото и додаде дека пукал за да го заплаши населението.
У.Б. се товари за кривично дело тешко убиство, грабнување и кривично дело недозволено изработување и пуштање во промет на оружје и распрскувачки материи.
При претресот на осомничениот и просториите што ги користел, пронајдено е поголемо количество оружје и муниција, додека при бегство од местото на настанот, пријавениот му се заканил дека ќе го убие таксистот, принудувајќи го да го однесе во село на територијата на општина Крагуевац, каде осомничен во утринските часови во петокот е пронајден во објект, сопственост на неговиот вујко.