Пред амбулантата има многубројни семејства на жртви и ранети во престрелката кај Младеновац. Една од жртвите на страотното злосторство била пронајдена од неговата мајка во училишниот двор.
Имено, тој вечерта излегол од станот за да се сретне со другарите во училишниот двор. Бидејќи не се јавувал на телефонот на мајка си, која упорно му се ѕвонела, таа се симнала во училишниот двор и под клупата го нашла синот облеан во крв.
Во тој момент тој сè уште бил жив. Мајката повикала брза помош и младиот човек бил пренесен, но тој набрзо им подлегнал на повредите, пренесуваат медиумите.
Доцна синоќа во Младеновац имаше престрелка во која загинаа осум лица, а 13 беа ранети. Напаѓачот побегнал, пристигнала полиција, го опколила, а тој одбива да се предаде.