На синоќешната централна прослава по повод Денот на независноста на плоштадот „Капошово востание“ во Скопје, премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица, претседателот Ѓорѓе Иванов со сопругата Маја, како и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски со неговата поубава половина присуствуваа на музичкиот концерт на кој настапија Аделина Тахири, Каролина Гочева и групата Суперхикс.
Во првите редови беа присутни и голем број министри, како и пратеници од парламентарното мнозинство.
ФОТО: Курир