Засега непознат пироман ноќеска околу 4.30 часот фрлил тврди предмети и шишиња со запалива течност во фирма лоцирана на булеварот „8 Септември“, сопственост на К.Ф.(48) од Скопје.
Според пријавеното, пожар не е предизвикан, туку биле оштетени работна машина и комбе „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.