ПичПрич на 6 април на тема „Бев Сама“

Од:

На 6-ти Април во Кино Фросина (МКЦ – Скопје) со почеток во 20 часот го гледаме новото издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев Сама“. Настанот го организира Тиииит!Инк. во рамки на фестивалот за промоција на феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.

На овогодинешниот ПичПрич, своите искуства на тема „Бев Сама“ ќе ги споделат 6 раскажувачки: Силвија Митевска, Сара Климоска, Ана Гојлешка, Арбнора Мемети, Дафина Николовска и Ида Протугер.

ПичПрич е авторски концепт на Ана Василева и Румена Бужаровска со кој се обидува да отвори простор за актуелните теми поврзани со положбата на жените во нашата земја и поширокиот регион, а оваа година особено со оглед на неодамнешниот наплив на вести за кривични дела извршени врз жени во моменти кога поради сплет на околности се нашле сами со сторителот.

Затоа оваа година темата е „Бев сама“ за да се нагласи изложеноста на насилство, погрешното лоцирање на вината и честото непостапување.Освен тоа, модерната психологија тврди дека токму напуштеноста е оној сублиминален простор во кој се јавува траумата.

По настанот следи диџеј сет на Diah во бифето на Фросина.

Настанот е реализиран со поддршка од Шведска и фондацијата Kvinna till Kvinna.

Би можело да ве интересира

Деветто издание на фестивалот за феминистичка култура Прво па женско

Ана Ололовска

Пендаровски: Потребно е унапредување на родовите политики во земјата

Ана Ололовска

Изложбата „Без простор“ ќе го затвори 8. Фестивал на феминистичка култура „Прво па женско“

Ана Ололовска

Осмо издание на фестивалот „Прво па женско“

Ана Ололовска

Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“

Ана Ололовска

Отворен фестивалот „Прво па женско“

Ана Ололовска