Во неодамнешното интервју за „Њујорк пост“, медиумскиот магнат Руперт Мардок ја откри добрата вест. Милијардерот се сврши со својата девојка Ен Лесли Смит, која е 26 години помлада од него, шест месеци откако парот почна да се забавува.
Мардок зад себе има четири брака, а како што изјави за споменатите медиуми ова ќе биде неговиот последен брак.
“Бев многу нервозен кога ја замолив да се омажи за мене. Морам да признаам, се заљубив во неа”, рекол Мардок и додал:
„Знаев дека ова ќе биде мојот последен брак“.