(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Од:

Научно-фантастичната акција „Се во исто време“ е апсолутен победник на 95. Оскари со седум златни статуетки, меѓу кои и за најдобар филм. Воениот спектакл „Ништо ново на запад“ освои четири Оскари, а церемонијата ја одбележа и големото враќање на Брендан Фрејзер, кој беше прогласен за најдобар актер.

Филмот „Се во исто време“ триумфираше во три од четирите актерски категории. Мишел Јао е првата актерка од Азија што освоила Оскар за главна улога.

Ке Хју Кван го освои признанието за најдобра машка споредна улога, а легендарната Џејми Ли Кертис го освои првиот Оскар во кариерата .

Тандемот Даниел Кван-Даниел Шајнерт беше награден за режија и за оригинално сценарио.

Успехоѕ на Брендан Фрејзер во категоријата најдобра машка улога е приказната за уште еден неверојатен камбек. За ѕвездата на бројни комедии од 1990-ите, „Кит“ на Дарен Аронофски беше првата главна улога од 2013.

„Ова е благодарение на Дарен, кој ми фрли креативен спас“, изјави Фрејзер.

Германскиот „All Quiet on the Western Front“ освои четири оскари, меѓу кои и за најдобар странски филм. „Пинокио“ на Гилермо дел Торо е најдобар долгометражен анимиран филм, а „Навални“ најдобар документарец.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка

По одлуката на Академијата – се огласи Вил Смит

Ана Ололовска