Медицинска сестра тргнала да се види со сопругот во САД, загинала во несреќата кај Лариса

Од:

Денеска во Тирнавос, роднини и пријатели се простија од 42-годишната Ваја Блека – Каракоста во светата црква Панагија Фанермени.

Несреќната жена која загина во железничката несреќа кај Лариса патувала за Солун од каде требала да замине во Америка за да се сретне со својот сопруг, кој како офицер во вооружените сили бил времено распореден во САД на обука.

Со порака на сочувство, Медицинскиот персонал на Клиниката за патологија на Општата болница во Лариса се прости од Ваја Блека-Каракоста, зборувајќи за неа дека била добра мајка и сопруга, добра колешка и медицинска сестра.

„Секогаш ќе ја паметиме по нејзината добрина, напорна работа, другарство и великодушност“, рекоа нејзините колеги, збогувајќи се со 42-годишната медицинска сестра од Општата болница во Лариса.

Би можело да ве интересира

Штрајк во цела Грција поради трагедијата кај Лариса, родителите на жртвите со ново барање