Фон дер Лајен: Мора да му се суди на Путин за злосторствата во Украина

Од:

На меѓународната конференција во западниот украински град Лавов која се одржува овој викенд ќе се направи важен прв чекор за да се повика Русија на одговорност за воените злосторства сторени во Украина. На конференцијата ќе биде потпишан договор за формирање нов Меѓународен центар за гонење на кривични дела од агресија (ИЦПА), соопшти претпладнево претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

ИЦПА ќе служи за обезбедување докази за идните правни постапки и ќе биде лоциран на локацијата на Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичната правда или Европравда во Хаг.

„Русија и претседателот Владимир Путин мора да одговараат за ужасните злосторства против Украина“, рече Фон дер Лајен.

– Има се повеќе докази за директни напади врз цивилното население, како и врз снабдувањето со енергија и друга инфраструктура. Познато е дека руските сили извршиле тортура, злоставување, сексуално насилство и егзекуции. Ниту децата не биле поштедени. Мора да направиме се што е во наша моќ за да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата – рече Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен, вели Подеста

Фон дер Лајен: Сметаме на Србија да покаже посветеност на напредокот на патот кон ЕУ

Фон дер Лајен: Европската народна партија ќе изгради бастион против екстремите и на левицата и на десницата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Ќе им возвратиме на пријателите на Путин во Европа

Фон дер Лајен: Цврсто стоиме покрај Украина додека земјата конечно не се ослободи

Фон дер Лајен: Се надевам сите партии ќе ги поддржат уставните промени бидејќи се работи за вашата иднина