Кланот Јахоски се шири и во правосудството, внук од сестра на градоначалникот на Пласница и пратеникот Исмаил Јахоски на листата за обвинител. Емрах Михтароски се наоѓа на листата на лица кои ќе станат нови обвинители и судии, а чии најблиски роднини се во врвот на извршната власт. Мифтароски е внук од сестра на градоначалникот на општина Пласница, Алија Јахоски и пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Кланот Јахоски по политиката се шири и во правосудството. Која правда може да ја очекуваат граѓаните кога најблиските роднини на политичарите и функционерите кои креираат политики и закони се и обвинители и судии? Како поминува време така не остануваат многу од листата на лица идни судии и обвинители кои не се роднини на лица од врвот на СДС и ДУИ. Потребни се коренити промени во правосудството во Македонија, со СДС и ДУИ имаме само партизација и фамилијаризација се наведува во соопштението од партијатс.