Турција од вчера е погодена од повеќе од 450 земјотреси – 31 се посилни од 5 степени според Рихтеровата скала

Од:

Бројот на загинатите во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.000, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови се срамнети со земја.

Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ја отежнува потрагата по преживеани. Во текот на утринава Турција беше погодена од два нови силни земјотреси – првиот беше со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 8:50 часот, беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарасу на југоисток, на околу 60 километри од сириската граница. Следеа десетици послаби земјотреси, а попладнето исто така на југоистокот на Турција се случи уште еден со јачина од 7,5 степени.

Според податоците на ЕМСЦ, вчера и утринава во Турција и Сирија се регистрирани повеќе од 450 земјотреси. 31 биле со магнитуда поголеми од 5 степени според Рихтеровата скала, а 183 биле посилни од 4 степени според Рихтеровата скала. Пет беа со магнитуда од 6 или повисока според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција