Турската полиција соопшти дека привела четири лица поради „провокативни“ објави на социјалните мрежи по земјотресот. Четири лица беа приведени откако полицајците пронајдоа сметки на кои споделуваат „провокативни објави со цел да се создаде страв и паника“, соопшти полицијата.
Се додава дека е во тек поширока истрага, но не се нудат информации за содржината на објавите, пренесува агенцијата Франс прес. Турските социјални мрежи се преполни со објави од луѓе кои се жалат на недостаток на потрага и спасување во нивната област, особено во Хатај.