Во понеделникот, во раните утрински часови, Турција беше погодена од страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а само еден час подоцна следеше уште еден земјотрес со јачина од 6,7 степени. Земјотресот предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, а според последните проценки, бројот на загинати надмина 4.300.
The road between Gaziantep and Adana appears to have completely collapsed #TurkeyQuake pic.twitter.com/d1P40tSBdd
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) February 7, 2023
Шефот на турската канцеларија за Блискиот Исток, Реџеп Сојлу, на Твитер објави дека постои големо незадоволство и гнев кај жителите на Хатај поради немањето тимови за одговор при итни случаи.
Тој изјави дека аеродромот е оштетен, дека се урнати патиштата кои водат кон градот, по земјотресот се урна и зградата на Агенцијата за справување со катастрофи, а објави и сцената од уништениот пат меѓу градовите Газиантеп и Адана.
Временските услови и обемот на катастрофата ги отежнуваат спасувачките операции во погодените области, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, кој зборуваше на прес-конференција во понеделникот вечерта од Центарот за итни случаи во Хатај.
„Нашите хеликоптери денеска не можеа да полетаат поради временските неприлики. Неодамна снежно невреме зафати делови од Турција и Сирија, а за следните денови се предвидуваат температури под нулата. Во подрачјата погодени од земјотресот досега пристигнале најмалку 2.256 лица од Итна медицинска помош, соопшти министерот за здравство.
Најмалку 602 амбулантни возила и два медицински авиони се испратени од соседните градови. Исто така, испратени се 187 екипи на Турскиот национален медицински спасувачки тим (УМКЕ).