Шефот на ЕМСЦ: Вториот разорен земјотрес во Турција беше невообичаен, не е последователен потрес

Од:

Вториот разорен земјотрес во Турција од 7,5 степени е невообичаен настан предизвикан од првиот земјотрес, изјави шефот на Европскиот Медитерански Сеизмолошки Центар (ЕМСЦ), Реми Босу за Скај њуз.

Босу рече дека земјотресот што ги погоди Турција и Сирија по првиот катастрофален земјотрес од 7,8 степени е на друг состав на расед.

„Традиционално, она што го набљудуваме е дека имаме главен удар, а потоа имаме последователни потреси кои следат по истата раседна зона. Тие се пониски по магнитуда и блиску се просторно“, рече Босу, додавајќи дека вториот многу силен земјотрес во Турција не беше последователен земјотрес.

„Беше речиси исто толку силен како првиот удар и е на друг систем на расед.

„Тоа е сосема поинаков систем. Тоа не е последователен потрес, туку втор земјотрес што го предизвикал првиот. Ова е невообичаено, ова го нарекуваме секвенца од земјотреси“, рече шефот на ЕМСЦ, Реми Босу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција