На социјалните мрежи се појави и видео снимено на еден од аеродромите во Турција за време на денешните земјотреси.
На снимката се гледа како луѓето панично трчаат кон излезот на аеродромот.
Бројот на загинати продолжува да расте. Досега е потврдено дека загинале 2.724 лица. Бројот на повредени се искачи на 13.580. Од нив, најмалку 11.119 се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија.