Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се искачи на најмалку 2.361.
Вкупниот број на загинати во Турција се искачи на 1.541, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај. Во Турција се повредени 9.733 лица, рече и Октај.
Вкупниот број на загинати во Сирија е 820. Сириската арапска новинска агенција (САНА) известува за 430 мртви во областите под контрола на владата, а групата Бели шлемови, официјално позната како Сириска цивилна одбрана, известува за 390 мртви во областите под контрола на опозицијата.