Земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија јужна Турција и според првичните податоци се почувствувани во голем дел од земјата и во неколку земји во регионот.
Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 2500, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.
Seismic waves from the M7.8 (USGS) earthquake in Southern Turkey crossing Europe. Each dot is a seismic station. (GMV) https://t.co/6cY0RObbXv pic.twitter.com/SHbdkxQXzD
— Nahel Belgherze (@WxNB_) February 6, 2023
Објавена е снимка од ширењето на сеизмичките бранови низ Европа по првиот катастрофален земјотрес во Турција.