Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција и северозападна Сирија рано утринава, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а стотици беа повредени при уривање на згради низ регионот, што предизвика потрага по преживеани во урнатините.
Седумгодишното дете, кое беше повредено во земјотресот, е спасено од урната зграда во турскиот град Дијарбекир, откако седум часа беше под урнатините.
Rescue teams pulling children from the under the rubble of #collapsed buildings in northwestern #Syria
At least 50 people killed, 500+ injured, 140+ buildings destroyed in southern Malatya province as 7.8 #earthquake hits #Türkiye.#deprem #DepremiOldu #Turkey pic.twitter.com/vKnEnG3N2k
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека 284 луѓе загинале, а 2.323 се повредени додека властите ги преместиле спасувачките тимови и авионите во погодената област, истовремено прогласувајќи го „четвртото ниво на тревога“ барајќи меѓународна помош.
Во Сирија владин здравствен претставник изјави дека повеќе од 237 луѓе загинале, а околу 600 се повредени, повеќето во провинциите Хама, Алепо и Латакија, каде што се урнале бројни згради.
Ројтерс објави дека претседателот Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со гувернерите на осумте погодени провинции за да собере информации за ситуацијата и спасувачките напори, се вели во соопштението од неговиот кабинет.