Болниците во Сирија се преполни со повредени во земјотресот што рано утринава ја погоди Турција, а кој се почувствува и во Сирија, соопшти Сириско-американското медицинско друштво (САМС).
„Постои итна потреба од средства за траума и сеопфатен итен одговор“, се вели во соопштението на хуманитарната организација, пренесува турскиот CNN.
Се вели дека многу болници се полни, а некои објекти, вклучително и болницата Ал Дана, мораа да ги евакуираат пациентите откако претрпеа сериозни штети од земјотресот.
Исто така, породилиштето во Идлеб беше принудено да ги префрли сите новороденчиња во блиската болница. Претседателот на САМС, Амјад Рас, рече дека организацијата прифаќа жртви.