Историската тврдина Газиантеп е уништена во земјотресот во Турција, објавија медиумите.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди синоќа Турција и Сирија. Стотици загинати и илјадници луѓе беа повредени во двете земји. Бројот на загинати во Турција во моментов е 284, а повредени се 2.323 лица, изјави на прес-конференција потпретседателот Фуат Октај.