Писателот и адвокат, основач на здружението „Адлигат“, Виктор Лазиќ се нашол во Кападокија во градот Нигде, кој го раскажал своето искуство од земјотресот на околу 200 километри од епицентарот.
Death toll update- Turkey-Syria quake rises to 203, nearly 1090+ injured
Daylight reveals massive destruction in Kahramanmaraş, Turkey#deprem #Idlib #Syria #EarthquakePH #DEPREMOLDU #Turkeypic.twitter.com/hH5ToOeEQj
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
„Земјотресот не само што беше силен туку траеше долго. Ме разбуди сред ноќ, мислам дека беше околу пет и пол сабајле. Јас сум на третиот кат од хотелот, се тресевме како на лулашка. Луѓето почнаа да трчаат во паника и да врескаат, решив да останам во собата затоа што ми се чинеше дека е нова и цврста зграда и додека да слезеш по скалите. Барав само маса за ако почне да пука таванот да се скријам. Патував многу во Пацифичкиот огнен прстен, па навикнат сум на земјотреси, но ова беше најсилен. Најголемото изненадување беше кога зградата се смири, а потоа следеше уште еден земјотрес, а потоа уште еден. Почувствував три силни и невообичаено долг земјотрес“, изјави тој за РТС.
„По улиците се слушаа извици и аларми на автомобили. Сигурен сум дека има штети бидејќи има многу мали куќички од лоша и постара градба. Некои од нив се веќе урнати во претходните земјотреси, па делови од градот, особено помалите градови веќе изгледаат како по апокалипсата. Коментарите на луѓето се „пак, што му згрешивме на Бога? Од утрово сите се залепени за ТВ екраните и гледаат евакуација на ранетите и загинатите. Голем проблем е дивата градба, разни надградби не можат да издржат ваков тип на земјотрес. Се плашам дека бројот на жртви ќе биде многу поголем вели Виктор Лазиќ, кој случајно се нашол во Турција, на околу 200 километри од епицентарот на земјотресот.
И Турција во претходните денови беше погодена од силен земјотрес.