Поранешниот пакистански претседател Генералот Первез Мушараф кој ја презеде власта со државен удар во 1999 година поина во Дубаи на 79-годишна возраст.
Тој долгот време се бореше со тешка болест, а почуна утрово во Американската болница во Дубаи каде што живееше последните осум години откако во родна земја се соочи со обвинение за убиството на поранешната премиерка Бензир Буто.
Мушараф беше десеттито пртседател на Пакистан, а на власт беше речиси една деценија.
Откако неговата партија ги загуби првите демократски избори во земјата по 11 години во 2008 година и се соочи со импичмент, тој поднесе оставка како претседател и побегна во Лондон.
Мушараф се врати во Пакистан во 2013 година за да се кандидира за место во парламентот, но веднаш беше дисквалификуван, а vo 2016 година му беше дозволено да замине за Дубаи.
Во 2019 година, тој беше осуден на смрт во отсуство поради наметнување на вонредна состојба во 2007 година, но пресудата беше подоцна
се отфрлена.