Смртоносната снежна бура трет ден по ред го погоди јужниот дел на САД, поради што се откажани дополнителни 2.300 летови. Стотици илјади корисници останаа без струја, училиштата затворени, а веќе тешките услови на патиштата се влошија.
Not worth driving in Dallas this week because idiots like this are smashing into EVERYTHING pic.twitter.com/B7cW4NPHEQ
— Swig 🇺🇸 (@OldRowSwig) February 2, 2023
Издадени се зимски предупредувања за област која се протега од западната граница на Тексас со Мексико преку Оклахома, Арканзас и Луизијана до западниот дел на Тенеси и северниот дел на Мисисипи. Врнежите, вклучително и замрзнат дожд и лапавица, паднаа во многу области, соопштија синоптичарите.
До средата напладне, 2.300 летови беа откажани во САД, три четвртини од летовите од аеродромот Далас-Форт Ворт и повеќе од две третини од летовите од аеродромот Лав Филд во Далас.
Very treacherous travel conditions especially on elevated surfaces with pure freezing rain in Downtown Dallas! @accuweather pic.twitter.com/1xLBJpjukM
— Reed Timmer, PhD (@ReedTimmerAccu) February 2, 2023
Невремето ги спречи Детроит Пистонс да летаат дома по натпреварот во понеделникот против Далас Маверикс, а НБА го одложи домашниот натпревар на Пистонс против Вашингтон Визардс во средата навечер.
Многу училишта во Арканзас исто така ќе бидат затворени, како и во Тексас и Тенеси. Повеќе од 350.000 корисници се без струја во Тексас бидејќи замрзнатите дрвја ги прекинаа далноводите. Повеќе од половина од тие прекини беа во Остин.
Од понеделникот мразот усмрти шест лица на патиштата во Тексас, а службите за итни случаи мораа да одговорат на стотици сообраќајни несреќи. Вонредна состојба е прогласена и во Арканзас поради лизгавиот коловоз.