Синоќа во 21.50 часот во МВР е пријавено дека на крстосница од улицата „Ѓорче Петров“ и станбена улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу „опел корса“, управувано од Б.С.(36) од село Матка, скопско и „мерцедес“ управувано од Б.Д.(40) од село Горно Свиларе, скопско.
Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М.Д.(73) и малолетник од Горно Свиларе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.