Афера во украинското МО, храна купувана по цени неколкупати повисоки од редовните

Од:

Заменик-министерот за одбрана на Украина поднесе оставка откако беше соопштено дека Министерството купувало храна по многупати повисоки цени од редовните.

Прехранбени производи како јајца и компири биле нарачувани по цени два до три пати повисоки од просечните, што укажува на можна корупција, објави во саботата украински портал.

Министерството ги отфрли обвинувањата за корупција, а во изјава на Фејсбук министерот за одбрана, Олексиј Резников, рече дека надуените цени се резултат на грешка на добавувачот.

Веднаш потоа оставка на функцијата подлесе неговиот заменик, Вјачеслав Шаповалов, кој беше одговорен за набавки.

Во меѓувреме, заменик-јавниот обвинител, Олексеј Симоненко, и официјално е разрешен откако вчера поднесе оставка поради обвинувањата за корупција. Наводно тој во декември отишол на одмор во Шпанија и користел мерцедес кој бил во сопственост на бизнисмен од Лавов, чија тутунска фабрика произведувала цигари за црниот пазар, пишува „Киев Индипендент“.

Согласно воведената вонредна состојба, на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не им е дозволено да ја напуштат Украина за време на војната.

По оставката на Симоненко, Советот за национална безбедност и одбрана им забрани на највисоките функционери да патуваат во странство, освен кога тоа го вршат по службени задолженија.

Би можело да ве интересира

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он

(ВИДЕО) Сведок на кобната хеликоптерска несреќа кај Киев: Гореше и кружеше

А1он

Вагнер: Го најдовме телото на еден од двајцата исчезнати Британци

А1он

Запленет хотелски комплекс вреден милијарда долари на рускиот олигарх Дерипаска

А1он

Сто милиони евра од ЕУ за рехабилитација на украински училишта

А1он

Зеленски се обидел да го убеди Вашингтон да изврши притисок врз Израел да и помогне на Украина

А1он