Владимир Нестеров, човекот кој ги овозможи соништата на рускиот претседател Владимир Путин за истражување на вселената, почина на 74-годишна возраст. Како што пишува Дејли Мејл, Нестеров е последниот човек од руската елита и четвртиот функционер кој починал за неколку дена.
Нестеров беше пионерскиот креатор на „најдобрата светска“ ракета Ангара и извесно време беше на функцијата генерален директор на Центарот Хруничев. Путин се надеваше дека центарот ќе помогне да се организира првата руска мисија со екипаж на Месечината.
Од 2014 година, Нестер е обвинет за проневера и измама. Руските власти го обвинија дека украл над 65 милиони евра и му беше одреден домашен притвор во очекување на понатамошна истрага.
Причината за неговата смрт не е откриена.
Тој е еден од низата руски моќници и луѓе кои соработувале со Путин, а кои починале под различни околности од почетокот на војната во Украина.
Пред веста за смртта на Нестеров, починаа неколку руски политичари, моќници и членови на елитата. Еден од неодамна починатите е 65-годишниот Александар Бузаков, генерален директор на бродоградилиштето „Адмиралти“. Тој беше задолжен за изградба на нови подморници со моќни ракети Калибр. Тој почина на почетокот на оваа недела и беше во добра здравствена состојба еден ден пред неговата смрт.
Поранешниот командант на руските копнени сили со блиски врски со Украина, 69-годишниот генерал Алексеј Маслов, ненадејно почина на католички Божиќ. Ова се случи откако Путин исто така ненадејно ја откажа посетата на фабриката „Уралвагонзавод“, каде Маслов работеше како меѓународен претставник за продажба. Маслов наводно немал здравствени проблеми.