Поранешниот германски тенисер Борис Бекер во ТВ емисија зборуваше за тешкиот живот во англиските затвори и изјави дека дури се обиделе да го убијат.
За ова болно животно искуство тој зборуваше ексклузивно за германската ТВ Сат 1, а за тоа интервју наводно заработил сума од околу 500.000 евра.
Тој помина околу осум месеци во два затвори во Англија.
– Таму беше крајно валкано и опасно. Од убијци до злоставувачи на деца и дилери на дрога, сè беше таму. Кога ги спуштате панталоните, светилката е вклучена. Ноќите беа одвратни, како во лудница – рекол Бекер и објаснил како сакале да го убијат.
-Тројца затвореници, таканаречените „слушатели“, требаше да ме заштитат. И можеби ми го спасија животот. Во два случаи се плашев за својот живот. Прво, убиецот осудениот на доживотен затвор ми побара пари и ме уценуваше дека во спротивно „ќе ми покаже“. Во друг затвор, друг човек сакаше да ме убие. Ми објаснуваше што ќе прави со мене. Потоа се појави еден затвореник, па заканувачот се фрли на земја и молеше за прошка – вели тенисерот.
Според него, посетите во затвор биле многу ретки, а неговиот сонародник Јирген Клоп не смеел да го посети.