Бекер: Во затвор си само бројка

Од:

Легендарниот германски тенисер и тренер Борис Бекер изјави дека тој е само обичен број во британскиот затвор и додаде дека научил тешка лекција за време на престојот зад решетки.

Бекер даде интервју за германската телевизија SAT1 по излегувањето од британскиот затвор. Ова интервју ќе се емитува вечерва. Германски „Билд“ објави неколку делови од ова интервју.

Бекер минатиот четврток беше ослободен од затвор во Лондон, а потоа депортиран во Германија. Тој помина речиси осум месеци во затвор поради затајување данок.

„Вие не сте никој во затвор! Само бројка. Мојот број беше A2923EV. Моето име не беше Борис, јас бев број. Никој не се грижеше кој сум јас“, рекол Бекер, кој наводно добил околу 435.000 фунти за интервјуто.

Германецот ги опиша деталите во пресрет на излегувањето од затвор.

„Седам на работ од мојот кревет од шест часот наутро, надевајќи се дека вратата ќе се отвори. Дојдоа во осум и пол, ја отклучија вратата и ме прашаа дали сум подготвен. Реков „ајде да одиме“. Веќе се спакував“, изјави легендарниот германски тренер и тенисер.

Во април оваа година Бекер беше осуден во Лондон на 30 месеци затвор за криење на имотот за да избегне плаќање долгови.

„Повторно ја открив личноста што сум. Научив тешка лекција. Беше скапо и болно. Некои работи се случуваат со причина“, рече Бекер.

Германецот во кариерата освои 49 титули во сингл, вклучувајќи и шест Грен слем трофеи.

Би можело да ве интересира

Бекер откри што морал да направи за да преживее во затвор

Сопругата на Борис Бекер го нападна само што излезе од затвор: Тој е ѓавол

Предраг Петровиќ

Бекер: Сакаа да ме убијат

Борис Бекер пуштен од затвор и ќе биде депортиран од Велика Британија

Бекер ќе биде депортиран од Велика Британија

(ВИДЕО) Ѓоковиќ за Бекер: Срцето ми се кине