Во текот на денешниот ден дојде до експлозија на гасоводот во Русија, од каде Русите извезуваат гас од својата земја преку Украина, јавува Ројтерс. Регионалното Министерство за вонредни ситуации во Руската Република Чуваш, каде што се случи експлозијата, соопшти дека добило дојава за пожар на гасовод.
Експлозијата се случила во близина на градот Казан. Според прелиминарните информации, соопшти Министерството, во експлозијата нема повредени.