Земјотрес ја погоди Романија: 13-ти потрес од почетокот на месецот

Од:

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот округ Вранча во Романија утринава во 01:47 часот по локално време, соопшти Националниот институт за истражување и развој на геофизиката (INCDFP).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 88 километри, на 83 километри источно од Брашов, односно 151 километар северно од Букурешт.

Во Романија од почетокот на декември се забележани 13 земјотреси со јачина меѓу два и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес годинава во таа земја се случи на 3 ноември и беше со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала.