Скопјанец загина од стручен удар додека работел на електричен дрвен столб во скопското село Бардовци.
Несреќата се случила вчера по 17 часот и 30 минути кога Ванчо П. (1951) од скопското село Љубанци, ангажиран од двајца жители на Бардовци, вршел приватни електромонтерски поправки на електричната мрежа.
Додека бил качен на еден од дрвените столбови на кои се поставени водовите од електричната мрежа и затегнувал еден вод, најверојатно од невнимание, допрел на другите водови при што предизвикал електричен удар од кој починал.
Лицата кои го ангажирале повикале Брза помош чија екипа констатирала смрт. За настанот известени биле и ЕВН – Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
По наредба на Истражен судија телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика.